Каков имот има портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски

еМагазин продолжува со серијалот во кој Ви преставуваме каков имот до Државната комисија за спречување корупција, пријавиле новите функционери.

Овојпат ви пренесуваме каков имот има портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил стан во Скопје, од 39 метри квадратни, проценет на 2,6 милиони денари.

Вози, БМВ, проценето на 120 илјади денари.

Пријавил и рунирана куќа во Галичник, како заеднички имот, од наследство, а на име на брачниот другар стан во Скопје и гарсоњера во Охрид, исто стекнати од наследство.

На име на брачниот другар пријавил и возило Пасат, кое е оштетено во сообраќајна несреќа и Хонда цивик и уметнички слики.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови