Првото приватно национално радио „Канал 77“ денеска слави 26 години постоење

Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и од тој ден, како единствен национален медиум од срцето на Штип, веќе 26 години, ја шири магијата во етерот на 32 фреквенции ширум нашата земја.

Миксот на стари и добро познати, и нови, а квалитетни хитови низ сите радио појаси е поткрепен со најбрзиот радио сервис, на секој половина час го селектираме најважното од Македонија и светот во информативна смисла, се грижиме за безбедноста во сообраќајот на нашите слушатели, Ве информираме за временската прогноза.

Програмата на Радио Канал 77 се емитува од Штип и Скопје, со дописиничка мрежа од 14 градови од Република Македонија. За потребите на програмата, техничко одржување, маркетинг и тековно работење на радиото работно се ангажирани  вкупно  45 лица,  и поголем број од работно ангажираните лица се со високо техничко образование од областа на медиумското работење.

Програмските содржини се емитуваат на www.kanal77.mk, дистрибуцијата се врши преку 15 микробранови линковски фреквенции и 35 FM фреквенции.

Радио Канал 77 е единствена радио станица на територијата на Југоисточна Европа која рекламните пораки ги дистрибуира по систем Splitting Advertising, на 3 нивоa локално, регионално и национално ниво, на 4 макро региони и на 12 микро региони.

Радио Канал 77 е единствено македонско радио кое е достапно на сателит, па може да се слуша на сите континенти.

Iзвор и фото: kanal77.mk

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови