Антикорупциска го проверила анкетниот лист на премиерот Заев

1492 Views Октомври 5, 2017 Наша тема Петре Димитров

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го проверила анкетениот лист на премиерот Зоран Заев, велат од таму за еМагазин.

“Државната комисија за спречување на корупцијата врши редовна проверка на податоците од анкетните листови за имотна состојба кои ги доставуваат избраните и именувани лица. Притоа, Ве информираме дека е извршена проверка и на податоците од анкетните листови на лицето Зоран Заев“, велат од ДКСК.

еМагазин побара и коментар од ДКСК, зошто братот на Заев не е спомнат во неговиот анкетен лист, имајќи го во предвид фактот дека многу досегашни функционери пријавиле имот на брат и сестра, а од таму се повикуваат на законската регулатива:

“Избрано или именувано лице, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство.

Согласно член 7 од Законот за спречување на корупцијата под терминот семејство се подразбира брачниот другар, децата, родителите, браќата и сестрите, посвоителот или посвоеникот со кој лицето живее во семејна заедница.

Согласно горенаведеното, конкретното лице нема законска обврска да доставува податоци за лица кои не живеат со него во семејна заедница“.

Вчера објавивме дека премиерот Зоран Заев не открива каков имот има неговиот брат, Вице Заев.

Во јавноста и медиумите името на неговиот брат се спомнуваше често изминативе години, а освен што го слушнавме во видето кое како посебна истражна мерка е направено за случајот „Поткуп“, и кое заврши на You tube, дел од медиумите пишуваа за различни типови на бизниси, во кои директно или индиректно наводно е вклучен, Вице.

Во анкетниот лист на премиерот се спомнати и неговите родители на чие име пријавил куќа, стан, земјиште, деловен простор, но и акции. Нема информација каде тие имаат акции.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Премиерот Заев не кажува колку заработил како бизнисмен и каков имот има брат му, Вице

И идниот премиер, Зоран Заев, без куќа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.