16. Моден викенд Скопје есен-зима 2017/2018: #Stopthetraffik

Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ од 22 до 24 октомври, а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври.

Како секоја сезона така и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“. На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигтнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд Купувајте помалку, но одберете внимателно.“, велат организаторите на Моден викенд Скопје.

Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“. Фотографијата ја потпишуваат „Ани и Дими“. Графички дизајнер на визуелниот имиџ е Дејан Зафировски.
Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“.

Официјално возило оваа сезона е „Lexus.Experience amaizing“. Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „Lakme“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови