НЛБ банка воведе промотивни есенски депозити со фиксна каматна стапка

Во рамки на НЛБ месецот на штедење, НЛБ банка воведе промотивни есенски депозитни продукти за физички лица. Новите депозити се со рочност од 18 и 36 месеци, со промотивна фиксна каматна стапка и се наменети за сите клиенти на банката.

Кај НЛБ промотивниот есенски депозит на 18 месеци каматната стапка во денари изнесува 1,70 проценти, а за евра 0,50 проценти годишно. Кај НЛБ промотивниот есенски депозит на 36 месеци во евра каматната стапка изнесува 1,10 проценти годишно.

Промотивните есенски депозити се со важност до 31 октомври. Новите промотивни есенски депозити и нивните карактеристики можете да ги погледнете на линкот: НЛБ промотивни есенски депозити.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови