Македонски Телеком ја измери најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во регионот

1583 Views Октомври 5, 2017 Техно Редакција Емагазин

Македонски Телеком  ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава и во регионот од над 500  Mbps за симнување (download).

Се планира во наредните години, со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.



Во јуни, годинава, со воведување на нова технологија, се постигна двојно поголема брзина во споредба со 4G. Овие брзини, како што беше најавено, веќе се достапни за корисниците на Скопје, центар, а до крајот на годината ќе бидат достапни и во другите поголеми градови.

„Со новата технологија, ќе можете да симнете филм од 2 гига бајти за 20 секунди, додека го спремите вашето еспресо. Направивме уште еден еволуциски чекор во технологијата, брзината што денес ја измеривме е најголема измерена брзина, не само во Македонија туку и во регионот и работиме на тоа да стане достапна за сите корисници во наредните 2 години“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.



Освен мобилната, Македонски Телеком ја надградува и фиксната мрежа. Иако брзината од 1гигабит во секунда веќе е достапна за корисниците со оптика, надградба се прави на постојната бакарна линија со понапредна технологија, со што до крајот на годината над 100.000 корисници кои се на бакар ќе имаат техничка можност за двојно поголеми брзини.



Оваа технологија ќе им овозможи побрз интернет и подобра ТВ услуга.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

За прв пат кај нас:  Telekom Safe Net, спречете некој да Ви ги украде сликите и пасвордите од мобилниот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести