За прв пат кај нас: Telekom Safe Net, спречете некој да Ви ги украде сликите и пасвордите од мобилниот

1547 Views Октомври 5, 2017 Техно Редакција Емагазин

Македонски Телеком воведува услуга – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа.

Услугата функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем и ќе може да се активира  преку веб страна која ќе се појави во интернет прелистувачот кога корисникот ќе биде поврзан на мобилната мрежа.



Со оваа услуга, која се воведува за прв пат на пазарот, корисниците ќе бидат заштитени од небезбеден интернет сообраќај и освен најбрзата, ќе ја користат и најбезбедната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Македонски Телеком  ја измери најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во регионот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови