На Кристијан (13) му се потребни 1.500 евра за целосно да не ослепи

Кристијан (13)  на 13 овој месец треба да му се изврши праватa операција на десното око, а втората во јануари. Итноста не дозволува одложување на терминот, зошто постои ризик да се изгуби во целост видот, што за Кристијан би значело целосно слепило на двете очи.

Но за да успее Кристијан во оваа борба и за да успее да се сочува видот потребни се 1.500 евра, пари кои неговата мајка и семејство не се во состојба да ги обезбедат.

„Тој и неговата мајка која е самохрана, имаат една желба да успеат да ги соберат потребните средства за операцијата која треба да се изврши на десното око на 13 октомври во Србија. На левото око има 100 процентно слепило, борбата која ја водат е да се зачува видот на десното око“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Додека чекаме да се отворат донациските броеви можеме да донираме на отворените жиро сметки:

SWIFT: STOBMK2X
IBAN: MK07200003225700072 za Kristijan Todoroski Tuco

И жиро сметка на Стопанска банка
200003225697647 на име Александра Туцо

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови