Скопје трча 10 КМ ќе се одржи в недела

278 Views Октомври 6, 2017 Спорт Редакција Емагазин

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја подготвија Скопје трча 10 КМ (Skopje Run 10K) која во недела, 08.10.2017, ќе започне во 09.00 часот од булевар „Илинден“ покрај фонтаната „Лотус“ во Скопје.

Натпреварувачите ќе трчаат во правец на Скопје Сити мол, каде на семафорите кај улица „Љубљанска“ ќе свртат полукружно и се враќаат на од другата страна на булевар „Илинден“ до пешачкиот на Градско собрание, каде повторно вртат полукружно и трчаат во правец на Скопје Сити мол и кај семафорите на улица „Љубљанска“ вртат полукружно и се враќаат накај фонтаната „Лотус“ каде што ја завршуваат трката.

Скопје трча 10КМ е во организација на Виз Ер Скопскиот маратон, а генерален покровител е Агенција за млади и спорт.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови