(ВИДЕО) Огромен успех: Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето во Италија

581 Views Октомври 7, 2017 Спорт Никола Осило

Македонската фудбалска репрезентација освои бод на вечерашното гостување во Торино кај Италија играјќи нерешено 1:1 во квалификациите за Светското првенство 2018.

Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, избраниците на селекторот Игор Ангеловски уште еднаш покажаа дека можат рамноправно да се „носат“ со Италијанците и за разлика од дуелот во Скопје кога немаа среќа, овој пат сосема заслужено стигнаа до реми.

Италија поведе во финишот на првото полувреме со голот на Џорџо Киелини (40. минута), изедначи „резервистот“ Александар Трајковски во 77. минута по асистенција на Горан Пандев.

Овој резултат е еден од најголемите во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, по нерешените исходи со Белгија во Брисел (1:1), Англија на гости (2:2) и Холандија на гости (0:0) и дома (2:2), како и победата над Република Ирска во Скопје со 3:2.

На другите две средби од 9.коло во Г-групата:

Шпанија – Албанија 3:0 и

Лихтенштајн – Израел 1:1

Табела: Шпанија 25 бода, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0. Шпанија избори пласман на Мундијалот, Италија ќе игра во баражот.

Во последното коло Македонија на 9. октомври во Струмица го пречекува Лихтенштајн.

МИА/фото:soccerladuma/видео:ashcomps

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!