Антикорупциска не одговори што констатирала по проверката на имотот на премиерот Заев

1257 Views Октомври 7, 2017 Наша тема Петре Димитров

Од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не откриваат што констатирале откако го провериле анкетениот лист на премиерот Зоран Заев.

Од таму пред неколку дена ни соопштија дека неговиот анкетен лист, како и на другите функционери, е проверен, но не ни одговорија дали пријавеното одговара на реалната состојба на терен.

Како што пишуваше еМагазин, во анкетениот лист на Заев, не е спомнат имот на неговиот брат, Вице Заев, иако новата Влада најави поголема транспартеност. Од Владата за еМагазин коментираа дека Заев си ги исполнил законските обврски.

Во јавноста и медиумите името на неговиот брат се спомнуваше често изминативе години, а освен што го слушнавме во видето кое како посебна истражна мерка е направено за случајот „Поткуп“, и кое заврши на You tube, дел од медиумите пишуваа за различни типови на бизниси, во кои директно или индиректно наводно е вклучен, Вице.

Во анкетниот лист на премиерот се спомнати и неговите родители на чие име пријавил куќа, стан, земјиште, деловен простор, но и акции. Нема информација каде тие имаат акции.

Фото: Фејсбук/Зоран Заев

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Антикорупциска го проверила анкетниот лист на премиерот Заев

Премиерот Заев не кажува колку заработил како бизнисмен и каков имот има брат му, Вице

И идниот премиер, Зоран Заев, без куќа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.