Македонска сага: Стануваат градоначалници со кампањи од едвај триесетина илјади евра

563 Views Октомври 8, 2017 Мој став Никола Осило

Бедата на македонското политичко миље е неверојатна ако се земе предвид колку вложуваат политичките партиии во изборната кампања за локалните избори 2017 година.

Имено, кампањите на повеќето кандидати за градоначалници на поголемите општини чинат едвај по триесетина илјади евра, пари сто пати помали отколку буџетите со кои ќе располагаат идните градоначалници.

Народски кажано, реториката со која се користат повеќеминта кандидати за градоначалници е под нивото на интелегнцијата на македонските граѓани на кои речиси секој ден им се повраќа од излитените недоквакани изјави на кандидатите за градоначалници било доаѓале тие од владејачката коалиција предводена од СДСМ или пак од Коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Разно разни „ојлевци и дојлевци“- кандитати за градоначалници во кампањата проповедаат празни фрази и даваат ветувања за кои уште од првата буква се знае дека не се спососбни да ги исполнат со што само ја навредуваат интелегинцијата на чесните македонски граѓани.

Просто жално е што кој и да победи на локалните избори, македонските граѓани ќе бидт поразени, бидејќи станува извесно дека локалните озбори се едно големо фијаско.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Детален преглед: Кои се најголемите донатори на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори?

Детален преглед: Кои се најголемите донатори на СДСМ за локалните избори?

Колку пари потроши Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првите десет дена од локалните избори?

ВМРО-ДПМНЕ троши повеќе пари на локалните избори од СДСМ?

Колку пари потроши Коалицијата преводена од СДСМ досега на локалните избори?

ГРОМ потрошила 1,2 милиони денари на локалните избори

ДУИ отиде во минус во првите десет дена од кампањата за локалните избори

БЕСА потрошила 1,2 милиони денари на локалните избори

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!