Банките највеќе ги кредитираат граѓаните со плата под 22.000 денари

534 Views Октомври 9, 2017 Беспарица Никола Осило

Околу 36% од кредитната изложеност врз основа на кредитни картички, негативни салда по тековни сметки и потрошувачки кредити се однесува на домаќинствата со месечни примања под 22.000 денари, колку што всушност и претставува просечната нето-плата во Република Македонија, информира Народната банка во најновата анализа на квалитетот на кредитирањето на наелението во земјава.

„Во 2016 година, банките обезбедија солидна кредитна поддршка на домаќинствата како резултат на натамошното подобрување на нивните очекувања и оцени за профилот на ризик на кредитната побарувачка, во услови на сѐ уште ниска задолженост на овој сектор и поволни остварувања на пазарот на труд.

Солидната кредитоспособност на домаќинствата и задоволителното ниво на показателите за нивната солвентност и ликвидност, оставаат простор за натамошен раст на долгот на домаќинствата.

Сепак, нивното натамошно задолжување и редовноста во отплатата на долгот треба внимателно да се следат, со оглед на брзината на растот на новите кредити, пред сѐ на оние коишто се на долг рок и коишто се наменети за потрошувачка.

На потреба од повнимателно следење на ризиците од можна висока задолженост на одделни сегменти од домаќинствата упатува и концентрираноста на долгот кај домаќинствата со пониски примања и постојаното олеснување на кредитните услови (со оглед на постојаното зголемување на рочноста и на износот на кредити), пред сѐ со валутна компонента и со послабо обезбедување“ , велат од Народната банка.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!