Цел имот му е од наследство: Што пријавил директорот на Царина, Ѓоко Танасоски

Целиот имот на новиот директор на Царинска управа, Ѓоко Танасоски е од наследство, покажува анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција.

Според неговиот анкетен лист, целиот имот што го пријавил е на негово име, а тука влегуваат куќа од 155 метри квадратни во Охрид, стан во Скопје од 157 метри квдратни и стан во Охрид од 194 метри квадратни.

Пријавил и деловен простор од 48 метри квадратни во Охрид и неколку парцели со градежно и земјоделско земјиште исто во Охрид.

Има две возила, Даеву Матиз и Форд Фокус.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој е Ѓоко Танасоски, директорот кој седна во моќната фотеља на Царина

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови