(Видео) Раперот Нели уапсен под обвинение за силување

431 Views Октомври 9, 2017 Забава Редакција Емагазин

Познатиот американски рапер Нели е уапсен откако една обожавателка поднесе тужба за наводно силување во неговиот автобус за турнеи, кое се случило во близина на Сиетл.

Портпаролот на полицијата во Оберн, командант Стив Стокер изјави дека Нели, односно Корнел Ајрал Хајнс Џуниор, се наоѓа во притвор по неговото апсење во саботата наутро. 

Адвокатот на раперот, Скот Розенблум категорично ги негира обвинувањата, оценувајќи ги како „потполно измислени“.

Раперот инаку, е трикратен добитник на Греми, меѓу кои и за песната „Hot in Here“, а познат е и по хитовите „My Place", „Over and Over" „Dilemma", како и минатогодишната „Millionaire“. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови