БЕГ: Поради дефект во мрежата прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во Центар

517 Views Октомври 9, 2017 Локално Редакција Емагазин

Поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа (во близина на Собранието на РМ) привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје, информираат од БЕГ.

Без топлинска енергија се потрошувачите на улиците:

Даме Груев бр. 2, 4, 6 и 8

Македонија ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16

Луј Пастер ББ (Палата Македонија)

11 Октомври бр. 6 и 8

Димитрие Чуповски 1

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија, велат од БЕГ.      

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови