Откриени 14 мигранти од Пакистан во возило кај Удово

152 Views Октомври 9, 2017 Локално Камелија Делија

Патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки со 14 лица мигранти од Пакистан, без возач е откриено вчера изутрина на  бензинска пумпа кај селото Удово.

Како што информира денеска МВР, по извршениот увид на местото во 06.00 часот од полициски службеници од Полициска станица Валандово, возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“.

За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото е задржано, а лицата предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови