Пeтто место за Монија Стефановска од КК „Макпетрол“

330 Views Октомври 9, 2017 Спорт Редакција Емагазин

Првиот ден од натпреварите во Австрија, каратистките на „Макпетрол“ се најуспешни од македонската експедиција на 24 спортисти. Бошко Заборски тренерот на Макпетрол известува од Салзбург дека каратистката на „Макпетрол“, Моника Стефановска -68 кг, е најдобро пласирана македонска каратистка на турнирот од А серија кој е дел од Светската 1 Премиер карате лига, кој викендов се одржува во Салзбург, Австрија.

Патот до високиот пласман на петтото место не беше ни малку лесен. Таа во првото коло се сретна со светската шампионка од Франција, Агиер Ализие и загуби минимално со 0-1, потоа Французинката беше незапирлива и влезе во финалето. Тоа за нас значеше шанса преку репасажните борби да се стигне до бронзениот медал.

После три последователни победи со одмор од само две минути помеѓу борбите, Моника за жал не успеа да го освои бронзениот медал во директна борба со Сања Цвркота од Србија загуби со резултат 0:4. Во репасажот таа извојува победи со: Алиса Вигерден од Холандија 5-0, Луана Дебати од Белгија ја победи со 2-1. Потоа Бркич Емина од Бих ја победа со 4-1.

Овој висок пласман на Моника Стефановска и носи сигурен пласман и учество на Премиер лигите од јануари 2018 година. Таа пласманот го направи во конкуренција на 76 спортистки од 86 држави.

Одличен настап имаше и каратистката Сара Радичевска -50 кг, исто од „Макпетрол“, таа имаше три последователни победи со: Тоцкан Умај од Турција 2-0, второ коло победи со Тасин Валентина од Италија 2-1, трето коло победи со Лоунес Сирине од Франција 4-3, во четвртфиналето загуби од повеќекратна светска и европска шампионка Французинката, Александра Речи, во полуфиналето Французинката загуби и не успеа Сара да ја повлече во репасажните борби за бронзениот медал, во категоријата кај Сара имаше 65 пријавени спортистки. На овој турнир има рекордни 1416 пријавени спортисти.

За утрешниот ден останува настапот на Симона Заборска во -55 кг: -  заврши Заборски.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови