Светска премиера на „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски на фестивалот во Сао Пауло

„Бикини Мун“, петтиот игран филм Милчо Манчевски, ќе има светска премиера на фестивалот во Сао Пауло, Бразил, најголемиот фестивал во Латинска Америка и еден од најголемите во светот, на 21 октомври.

Филмот ќе игра во програмата специјални презентации, објави фестивалот. Манчевски ќе биде присутен за разговор со бразилската публика и за дискусија за моралноста и документарниот филм. 
 
Куриозитет е дека за првпат играат два филма од ист автор на еден фестивал – светска премиера на „Бикини Мун“ и бразилска премиера на кусиот експериментален „Крајот на времето“.
 
Манчевски е популарен во Бразил уште од „Пред дождот“ што освои награда токму во Сао Пауло и беше филм на годината и во оваа и во други земји во Латинска Америка. Во Сао Пауло јужноамериканска премиера имале и сите филмови на Манчевски, а на универзитетите во Бразил и  Латинска Америка тие се дел од наставната програма.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови