Џон Малкович откри дека има црногорски корени

240 Views Октомври 9, 2017 Забава Никола Осило

Холивудскиот актер Џон Малкович во петокот пристигна во Загреб, каде ја отвори концертната сезона во салата „Ватрослав Лисински“. Малкович се појави и како наратор во соло музичка изведба на младата пијанистка Анастасија Тренкова.

Малкович, кој во 1990 година на светот му откри дека е Хрват, сега откри дека има и црногорски корени.

На прес-конференција, Џон призна дека бил воспитуван како Американец, но дека е горд на своите корени. И тоа не е само хрватски.

„Татко ми тврдеше дека неговиот татко бил најголемиот лажливец, па не можам да знам за сигурно. Мајка ми, по неговата смрт, еднаш дури и ми рече дека сум Црногорец, изјави Малкович.

Тој објасни дека се чувствува делумно и како Хрват. Но, бидејќи родителите на неговите родители починале додека бил мал, тој не сакал да го научи нивниот јазик, па ја открил Хрватска многу подоцна.

МИА/фото:Filharmonie Luxemburg

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!