Педесет години молк и тешки глупости од МАНУ

1951 Views Октомври 10, 2017 Мој став Никола Осило

Македонската академија на науките и уметностите вчера одбележа 50 години од основањето при што во поздравните говори беше испофалена оваа инстутуција како носител на научната мисла и бедем на македонската држава.

За жал, вистината е дека МАНУ ни од далеку не ги заслужува овие епитети, бидејќи практиката барем од последните три децении покажува дека македонските граѓани се изнаслушаа небулозни тези, предлози и проекти од оваа институција како на пример идејата за размена на албански и македонски територии, проектот за подготовка на енциклопедија која беше повлечена по бурните реакции во јавноста и што уште не.

Уште потажно е што поголемиот дел од членовите на МАНУ (секоја чест на ретките исклучоци) молчеа кога беше најпотребно да се чуе гласот на академијата за најважните процеси во државата или пак дозволија нивната политичка определба да биде водилка во нивните размислувања наместо научната мисла, што е поразително за луѓе-академици.

Можеме само да се надеваме дека во следните 50 години МАНУ нема да биде политичка врхушка и заспана убавица и дека ќе стане двигател на општествените процеси и научната мисла во земјава, што би требало да биде нејзина основна улога.

Фото: Вечер

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!