(ВИДЕО) Ердоган пристигна во Србија со 50 лични телохранители

1206 Views Октомври 10, 2017 Балкан Никола Осило

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган допатува синоќа во дводневна официјална посета на Србија, а на аеродромот во Белград го пречекаа српскиот колега Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и членови на Владата на Србија.

Ердоган пристигна во Белград со голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри. Официјалните разговори на турскиот претседател почнуваат денеска на тет-а-тет средба со Вучиќ, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Потоа следуваат средби на двете делегации и потпишување на неколку договори меѓу Србија и Турција.

„Акцент ќе биде ставен на економските теми и енергетиката, поконкретно на проектот „Турски поток““, изјави српскиот министер за енергетика Александар Антиќ.

Премиерката Брнабиќ очекува важни договори во областа на земјоделството. Во рамки на посетата ќе биде организиран турско-српски бизнис форум.

Ердоган утре ќе го посети градот Нови пазар, кој е главно населен со муслимани, во областа Санџак, јужна Србија.

За време на посетата ќе бидат зајакнати безбедносните мерки, а за безбедноста на  Ердоган, освен неговите лични 50 телохранители, ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.

МИА/видео:РТС/фото:worldbulettin.net

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!