Каков имот има судијата Панчевски

5655 Views Октомври 10, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Судијата Владимир Панчевски деновиве е во фокусот на јавноста, откако од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) извршија претрес во неговиот дом.

Се уште до крај не е познато што се истражува СЈО, кога е во прашање Панчевски, а во меѓувреме еМагазин, Ви пренесува каков имот тој пријавил до Државната комисија за спречување корупција, кога станал претседател на Основен суд Скопје 1.

Според анкетниот лист, Панчевски, пријавил неколку стана.

Според анкетниот лист како личен имот пријавил стан од 149 метри квадратни, во Скопје, проценет на 1 милион денари, стекнат со наследство, стан од 140 метри квадратни, во Скопје, проценет на 4,7 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 87 метри квадратни во Скопје, проценет на 2,9 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 116 метри квадратни, во Скопје, проценет на 6,6 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 81 метри квадратни, во Скопје, проценет на 2,7 милиони денари, стекнат со наследство, стан од 81 метри квадратни, во Скопје, проценет на 2,7 милиони денари, стекнат од наследство, стан од 87 метри квадратни, во Скопје, проценет на 2,9 милиони денари, стекнат со наследство.

На име на родителите пријавил стан од 68 метри квадратни, во Скопје, проценет на 1,7 милиони денари, стекнат со купопродажба и стан од 30 метри квадратни, во Скопје, проценет на 468 илјади денари, стекнат со купопродажба.

Панчевски пријавил и деловен простор од 202 метри квадратни, во Скопје, проценет на 10,8 милиони денари, стекнат од наследство и куќа во Скопје, проценета на 6,7 милиони денари, стекната на друг начин.

Панчевски пријавил и неколку парцели со градежно земјиште, од 254,356 и 541 метри квадратни, стекнати со наследство и земјиште во Јурумлери, стекнато со наследство.

Вози БМВ, проценето на 2,9 милиони денари и скутер Пјаџо, проценет на 150 илјади денари.

На девизна сметка има 13 илјади долари, а во два банкарски сефа има 1,5 милиони денари.

Подетална слика за имотната состојба на Панчевски, ОВДЕ.

Фото: Академик

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Панчевски за Алсат М: Се плашам за мојот живот

(ВИДЕО) Јанева: Од станот на Панчевски не е земен клуч

Судијата Панчевски, тврди дека при претресот му го украле клучот од станот

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови