Ангеловски: Ќе сторам се што можам, Пандев да остане во репрезентацијата

180 Views Октомври 10, 2017 Спорт Никола Осило

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски задоволен од победата над Лихтенштајн (4:0) уште еднаш потенцира колку е значајно присуството на капитенот Горан Пандев во националниот тим.

Пандев му асистираше на Трајковски при вториот гол, а беше заменет по околу еден час игра при што со овации беше поздравен од публиката во Струмица.

„Пандев одигра уште еден одличен натпревар и покажа дека е колку е значаен за тимот. Ќе направам се што е во моја моќ тој и во следните квалификации да го носи дресот со националниот грб. Се надевам дека ова не беше негов последен натпревар за Македонија“, истакна Ангеловски.

Селекторот се осврна и на враќањето на Адеми кој по двегодишна пауза повторно го носи репрезентативниот дрес. Неговото враќање го одбележа со извонреден гол и со солзи „радосници“.

„Среќен сум што Адеми е повторно дел од репрезентацијата. Со него добиваме одличен играч. Тој пред се е голем човек. Без двоумење прифати повторно да игра за Македонија“, рече Ангеловски.

Македонија квалификациите за Светското првенство 2018 ги заврши на 5. Место во Г-групата со три победи, две нерешени средби и пет порази.

Извор/фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!