Отворањето на „Југохром“ во фази, по исполнување на еколошките стандарди

Комбинатот „Југохром“ може да се рестартира во фази и само по исполнување на еколошките стандарди, по воведување соодветни филтри и она што како екологија треба да го задоволува, изјави денеска заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

„„Југохром“ беше затворен затоа што, како што кажа и премиерот Заев, менаџментот на комбинатот беше жртва на притисоци и уцени од претходната влада“, рече Макрадули.

Потенцира дека остануваат на заложбата не само „Југохром“, туку и сите индустриски капацитети, да ги исполнуваат своите обврски согласно законите во Република Македонија. 

Фото: Телма

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови