(ВИДЕО) Берлускони му подари постелнина на Путин

400 Views Октомври 10, 2017 Свет Редакција Емагазин

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони на рускиот претседател Владимир Путин му подари рачно изработена постелнина, на која е испечатена фотографија од нив двајцата како се ракуваат, а во позадината се гледаат знаменитости на Италија и Русија.

Берлускони викендов допатува во Русија, за лично да му го даде подарокот на рускиот претседател, по повод неговиот 65-ти роденден.

Кремљ засега нема коментар за реакцијата на Путин за подарокот.

Путин и Берлускони негуваат долгогодишно пријателство - првпат се сретнаа на Самитот на Г-8 во 2001 година во Женева и оттогаш постојано стоеја еден до друг на официјални меѓународни средби.

Фото: Reuters/Itar-Tass/dailymail.co.uk

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови