Во Германија прво посвојување на дете од хомосексуална двојка

837 Views Октомври 10, 2017 Свет Камелија Делија

Судот во Берлин дозволи прво посвојување на дете во Германија од хомосексуална двојка, соопшти Организацијата за заштита на геј и лезбејските права. 

Посвојувањето од двајца мажи е дозволено во јужниот кварт Темпелхоф-Кројцберг.

На 1 октомври во Германија стапи во сила законот „Брак за сите“, со кој се одобрува посвојување од хомосексуални двојки. 

Михаел и Кај Корок, кои стапија во брак на 2 октомври, поднеле барање за посвојувале пред неколку месеци. Покрај сите обиди, досега тие не успеале да го посвојат детето (2,5 години), кое од раѓање живеее со нив, кога биле избрани како згрижувачко семејство.
  
Портпаролот на Асоцијацијата за хомосексуалци во Берлин, Јорг Штајнерт изјави дека ова е голем чекор за сите гејови и лезбејки.

- Ова е доказ дека законот „Брак за сите“ не е само симболичен, додаде тој.

Законот, донесен на 30 јуни, воведе промени во Граѓанскиот кодекс, дефинирајќи го бракот како „доживотен сојуз меѓу двајца од различен или ист пол“.

Германија е 15-та земја од ЕУ која ги легализираше хомосексуалните бракови.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови