(ВИДЕО) Двегодишно детенце и неговите родители загинаа во сообраќајка кај Делчево

Двегодишно детенце и неговите родители попладнево загинаа во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево.

Според првичните информации од СВР Штип, несреќата се случила при директен судар на патничкото возило Фиат пунто со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички управуван од 56-годишниот П.Г. од Штип.

- Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот Д.Д., кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро, информира Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Таа додаде дека екипи од полицијата и надлежните органи во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.

МИА/Видео: Televizija Star

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(ВИДЕО) Загинатото семејство од Делчево, имало билети за нов живот во Австралија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови