(Видео) Тачи на чело на првата Парада на гордоста во Косово

710 Views Октомври 10, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Со големо полициско обезбедување, без никакви проблеми, денеска во Приштина се одржа првата Парада на гордоста, пренесуваат светските и регионални медиуми.

На Парадата учествуваше и косовскиот претседател Хашим Тачи. 

Во своето обраќање, Тачи изајви дека секоја заедница во Косово е заштитена со закон и со Уставот и според него, никој во неговата земја не треба да се чувствува загрозен. 

„Тука сум за да ја изразам институционалната подршка за ЛГБТ заедницата и да потврдам дека во Косово сите заедници се рамноправни и оти државата е изградена врз правата на сите. Нема да дозволам да постои став или закана кон ниту една група. Ние ги заштитуваме сите човекови права. Инситуциите го подржуваат секој граѓанин во Косово врз основа на Уставот и законите на нашата држава“, изјави Тачи.

Дел од Парадата беа и амбасадори и министри на косовската Влада.

Поради набиената агенда, премиерот Рамуш Харадинај соопшти дека нема да учествува. 

На парадата присуствуваа и активисти од Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и други земји.

Фото: Associated press/Видео: Radio Free Europe/Radio Liberty

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови