(ВИДЕО) Едно лице повредено: Пожар во Кумановскиот катастар

834 Views Октомври 10, 2017 Локално Редакција Емагазин

Противпожарни екипи од Куманово со приближно 20 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот кој избувна попладнево во 18:15 часот во локалитетот  Касапски круг при што беа зафатени дел од просториите од Одделението за катастар на недвижности во Куманово.

Според информациите на командантот на ППЕ Куманово, Дејан Илиевски  пожарникарите се уште работат на отстранување на лимениот покрив и на гаснење на жариштето на пожарот.

Според него, во текот на ноќта ќе остане дежурна една екипа.

Градоначалникот Зоран Дамјановски изврши увид во просторите на тн. стара општина Куманово, бидејќи во таа зграда се сместени неколку одделенија и сектори од општината. Тој рече дека има причинето голема материјална штета и дека од утре ќе се изврши увид што всушност  е уништено во пожарот што избувна во центарот на Куманово.

Според првичните информации на екипите од терен, едно лице е повредено.

МИА/Фото: Кумановски Муабети/видео: Кумановски Муабети

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови