Листа на должници на УЈП: Фирмите на Рамковски должат 2,4 милиони евра неплатен данок на државата

11900 Views Октомври 11, 2017 Бизнис Камелија Делија

Двете фирми, Хедис ДОО-Скопје и Хедис маркети ДОО-Скопје на бизнисменот Велија Рамковски должат вкупно 146 милиони денари или околу 2,4 милиони евра за данок на државата покажува последната листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи (УЈП).

Според УЈП, Хедис ДОО должат вкупо 136.100.616 денари, од кои за ДДВ 98.020.786 денари, за Данок на добивка 1.665.229 денари, за персонален данок на плати и придонеси 12.291 денари за персонален данок по други основи 36.402.310 денари.

Хедис маркети пак должи 10.612.378 денари данок на државата од кои 8.137.808 за ДДВ и 1.736.664 за персонален данок.

Во мај годинава на Централниот регистар беше објавено дека е финализирана стечајната постапка за Хедис маркетите.

Според информацијата објавена на Централниот регистар со Решение IV СТ-60/17 од 20.04.2017 година на Основен суд Скопје 2 Скопје е заклучена стечајна постапка над Друштво за трговија Хедис маркети ДОО Скопје.

После седум години поминати во затвор, Велија Рамковски неодамна излезе од затвор поради лекување.

Фото: Фејсбук

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Листа на должници на УЈП: „Тутунскиот бос“ Бајруш Сејдиу должи 1,8 милиони евра данок на државата

Листа на должници: УЈП побарува 184 милиони евра за неплатени даноци и придонеси

Нова листа на должници на УЈП, проверете дали сте на неа

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови