Бериша: Имам информации за криумчарење на деца поради трговија со органи на границата меѓу Косово и Албанија

165 Views Октомври 11, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Поранешниот албански премиер и претседател Сали Бериша објави дека поседува информации дека „на границата меѓу Косово и Албанија“ во местото Кукс, се криумчари со деца помлади од 18 година, поради трговија со органи. 

Бериша на неговиот Фејсбук профил напиша дека информациите ги добил од некој полицаец, кој од него побарал да помогне во спречување на дејствувањето на организираната криминална група, јави Танјуг.

- Вознемирувачка пријава!  Полицаец пријави постоење на организирана група што криумчари со деца поради трансплатација на внатрешни органи. Го повикувам Обвинителството да покрене истрага!, пишува Бериша. 

Потоа ја објави информацијата што ја добил од полицаецот:

- Господине Бериша, ја сум полицаец на границата кај Кукс. Можете да спасите многу деца. На границата на Албанија со Косово криумчарат деца помлади од 18 година поради трансплатација на органи. Со фалсификувани изводи ги подмитуваат полицајците за 20.000 (околу 150 евра). Досега се шверцувани девет деца кои се киднапирани во сиромашни села. Те молам обелодени го ова и направи нешто.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови