Драма во Охрид: Полицајци спречија жена да изврши самоубиство

1122 Views Октомври 11, 2017 Локално Никола Осило

Четворица службеници од СВР – Охрид денеска спречија жена да скокне од петти кат на зграда на булеварот „Туристичка“. Како што соопшти СВР – Охрид, четворица полицајци интервенирале по дојава на жител на Охрид, кој го пријавил случајот на полицијата како обид за самоубиство.

Акцијата за спасување на жената траелa речиси цел час, во зграда во изградба на пресекот на „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“. Претходно било извршено обезбедување на подрачјето околу зградата и преземени мерки за спречување на лицето во обидот за самоубиство.

Прво двајца од полицајците иницирале разговор со лицето, а истовремено другите двајца внимателно се приближиле до жената и во соодветен момент реагирале и ја одвлекле жената од неоградената тераса.

Станува збор за жена на возраст од 41 година, која безбедно била спуштена на приземјето и предадена на екипа на Службата за Итната медицинска помош од Охрид.

За акцијата претходно бил известен јавниот обвинител кој бил запознат со намерите на полициските службеници како и со исходот од преземените мерки.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!