Колку често имаат секс луѓето на ваша возраст?

3200 Views Октомври 11, 2017 18+ Камелија Делија

Не постои точна бројка колку често луѓето треба да имаат секс, но според некои статистики, возраста влијае на овој износ.

Најновото истражување кое го спроведе Универзитетот Кинси тврди дека возраста игра клучна улога во тоа колку често паровите имаат секс.

Според истражувањето, најмногу секс имаат луѓето на возраст од 18 до 29 години, и тоа 112 пати годишно, или двапати неделно.

Луѓето во следната возрасна група, од 30 до 39 години имаат секс 86 пати годишно, а оние помеѓу 40 и 49 години – 69 пати годишно.

Од ова може да се заклучи дека како што луѓето стареат, се намалува сексуалната активност и практикувањето секс. Со стареењето, почесто се јавуваат здравствени проблеми кои влијаат на сексуалната желба.

Сепак, резултатите од друго истражување покажуваат дека жените се чувствуваат најсамоуверени и најсекси околу 36-тата година, што значи дека тие повеќе уживаат во сексот по 30-тата година отколу претходно.

Се разбира дека истражувањата не важат за сите, па вие самите треба да си одлучите колку често сакате да имате секс и да не размислувате премногу за возраста и статистичките податоци.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови