Министерството за финансии подготвува измени на Законот за персоналниот данок на доход

1422 Views Октомври 12, 2017 Бизнис Никола Осило

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход по скратена постапка подготвува Министерството за финансии, како што велат оттаму поради потребата од намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, како и унапредување и олеснување на начинот на плаќање на персоналниот данок на доход се предлагаат измени на горенаведениот закон.

„Целта на Предлог законот е да се олесни начинот на пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход и да се скрати времето за утврдување на годишниот данок на доход“, соопшти Министерството преку ЕНЕР.

фото: xbrl.org

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!