(ВИДЕО) Претседателот на Туркмeнистан му подари прекрасно кутре на Владимир Путин за 65. роденден

1170 Views Октомври 12, 2017 Свет Никола Осило

Претседателот на Туркменистан, Гурбангулу Бердимукхамедов вчера му подари кутре на рускиот претседател Владимир Путин по повод неговиот 65. роденден.

Инаку, Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, СССР (денешен Санкт Петербург, Руска Федерација) како дете на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина (1911-1998)

Во 1975 година Путин дипломирал право на Ленинградскиот државен универзитет. Неговата докторска тема била под наслов "Стратешко планирање на регионалните ресурси во рамките на формирањето на пазарните односи" според која рускиот економски успех ќе зависи од националната енергетика.

Додека бил на факултет, Путин станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и останал лојален до распаѓањето на сојузот во декември 1991 година

Путин се приклучил во КГБ во 1975 година, по дипломирањето, и бил подложен на обука од една година во 401-то училиште во Охта, Ленинград. Тој потоа продолжил да работи кратко време како контраразузнавач пред да биде префрлен во главната дирекција на КГБ каде меѓу своите должности му биле следење на странски државјани и на конзуларните функционери во Ленинград.

Во мај 1990 година, Путин бил назначен за советник за меѓународни прашања на тогашниот градоначалник и негов пријател Анатолиј Собчак.

Во јуни 1991 година започнал да работи во Ленинградскиот државен универзитет кај заменик-ректорот Јуриј Молчанов.

Во 1996 година, Анатолиј Собчак бил поразен на изборите во Санкт Петерсбург за градоначалник. Путин бил повикан во Москва и во јуни 1996 година станал заменик-шеф на претседателскиот кабинет за управување со имот. На таа позиција останал до март 1997 година.

На 26 март 1997 година, претседателот Борис Елцин го именувал Путин за заменик-шеф на претседателскиот кабинет, каде на таа позиција останал до мај 1998 година. На 25 јули 1998 година, Елцин го назначил за шеф на ФСБ, каде се задржал до август 1999 година. Тој станал и постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Во јули 1998 година тој беше назначен за директор на Федералната служба за безбедност, во исто време - од март 1999 - секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација.

На 9 август 1999 година, Владимир Путин бил назначен за еден од трите заменик-премиери на Русија, а по отпуштањето на Сергеј Степашин станал премиер поставен од страна на Борис Елцин.

Владимир Путин бил именуван за претседател на 7 мај 2000 година. Тој го назначил министерот за финансии Михаил Касјанов како неговиот премиер. Во мај 2000 година тој издал декрет за формирање на 89 федерални субјекти на Русија и 7 федерални окрузи со цел полесно функционирање на федералните администрации.

На 14 март 2004 година, Путин бил реизбран за претседател на земјата, освојувајќи 71% од гласовите.

По крајот на својот втор мандат, Путин според законот немал право да бара трет последователен претседателски избор. Првиот заменик-премиер Димитриј Медведев бил избран за негов наследник. На 8 мај 2008 година, само еден ден по предавањето на претседателството на Медведев, Путин бил назначен за премиер на Русија одржувајќи ја својата политичка доминација во земјата

На 4 март 2012 година, Путин победил на претседателските избори освојувајќи 63,6% од гласовите.

Видео:RT/фото:Reuters

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!