(Фото) Хотел „Манастир“ во Берово разубавен и проширен

5709 Views Октомври 12, 2017 Check in Редакција Емагазин

Хотел „Манастир“ кој стана едно од обележјата на Берово, сега е проширен со повеќе сместувачки капацитети. Во моментов е завршено ентериерното уредување на куќа со две спални, дневна соба, купатило и тоалет и чајна кујна.

„Се уште се работи на дворното уредување и малата винска визба. Дворот покрај трепезариска маса од масовно дрво и место за подготовка на храна, ќе има и отворено камено кружно огниште за уживање, под ѕвездената ноќна прекривка на градот.

И уште многу други етно, флорални и цветни аранжмани, кои и веќе уникатната градба додатно ќе ја разубават. Создавајќи една целина за посебно доживување и уживање, како мозаичен дел од приказната на Манастир“, вели менаџерката на хотел „Манастир“, Дина Муцунска за еМагазин.

Она по што овој хотел се памти кај гостите е неговата пријатна и домашна атмосфера. Топлината ја даваат сите оние природни материјали, но и етно елементите кои го разубавуваат просторот.

Вкусот на храната која што е традиционално македонска, но и карактеристична за малешевскиот крај долго време се памти, а оној кој што го вкусил бабиниот колач се враќа само за него.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови