„Вибер“ и „Скајп“ сериозна закана за операторите: Пад на бројот на разговори во мобилната телефонија

978 Views Октомври 12, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Во првото тримесечје од 2017 годиина во Македонија имало 2.024.404 активни корисници на мобилна телефонија што е намалување во однос на истиот период минатата година кога во земјава имало 2.059.780 активни корисници.

Воочливо е дека поголемиот дел од резиденцијалните претплатници користат при-пеид услуги наспроти користењето на пост- пеид услугите.

Бројот на резиденцијалните пост-пеид претплатници бележат раст од 1,03% од претходниот квартал додека во однос на истиот квартал од претходната година се забележува раст од 4,22%, деловните бележат пад од 1,85% во однос на претходниот квартал додека во однос на првиот квартал од 2016 година се забележува пад од 5,31%.

Може да се забележи и намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на првиот квартал од 2016 година од 5,78%. Кај вкупниот број на испратени ММС пораки во првиот квартал од 2017 година има раст од 7,01% во однос на претходниот квартал и пад од 0,89% споредено со првиот квартал од 2016 година.

Кај вкупно реализираниот сообраќај во минути има пад од 6,10% во однос на минатиот квартал и пад од 4,77% во однос на првиот квартал од 2016 година.

Кај вкупниот број на реализирани повици во мобилни комуникациски мрежи може да се забележи пад од 8,68% во однос на претходниот квартал и пад од 4,39% во однос на првиот квартал од 2016 година.

Податоците за бројот на претплатници се однесува на активни претплатници кои во последните три месеци предизвикале на некој начин електронски комуникациски настан.

Под електронски комуникациски настан се смета повик, одговор на повик, испраќање на порака, испраќање на податоци (вклучително и GPRS) или вршење на други услуги (плаќање на месечна претплата, плаќање на ваучер за при-пеид и.т.н). На 31.03.2017 година трите оператори имаат вкупно 2.024.404 активни претплатници.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој оператор заработува најмногу на големопродажниот пазар на мобилна телефонија?

Македонски Телеком и Оне.Вип во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Македонски Телеком има најголем удел во приходите од мобилна телефонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови