(Фото) Почна истражувањето колку ОХИС ги загадува почвата и воздухот

Опремата за детално истражување на загадувањето кое го предизвикува комплексот Органско Хемиска Индустрија-ОХИС пристигна во кругот на затворената фабрика, информира Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Компанијата Polyeco од Грција која е ангажирана од донаторот UNIDO на јавен конкурс, денеска одржува тренинг околу безбедносните аспекти на претставниците од компанијата GEING, Скопје која ќе биде ангажирана за дупчењето на бушотините на и околу HCH депониите.

Денеска ќе бидат поставени и два примеркувачи на амбиентниот воздух (еден во ОХИС и другиот во кругот на мониторинг станицата за воздух на МЖСПП во населба Лисиче).

Утре ќе се земаат примероци од подземни води на дел од пиезометрите лоцирани во ОХИС, а додека примероци од подземните води од три домашни бунари се планира да се земат наредната недела од 16-20 октомври со асистенција на Државниот иснпекторат за животна средина.

Фото: ДИЖС

За загадувањето на ОХИС и како затворен не труе, прочитајте на следните линкови:

Еколошки бомби: Како загадува Охис и не труе сите?

Еколошки бомби: Охис ем загубар, ем загадувач

ДОМ: Еколошка катастрофа демне во ОХИС 

Еколошки бомби: Најмалку за две години ќе се спасиме од канцерогениот отров на Охис

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови