(Видео) Еминем со песна за Трамп, неговите колеги во спотот со дуксери со натпис на македонски

2186 Views Октомври 12, 2017 Забава Редакција Емагазин

Американскиот рапер Еминем сними политички мотивиран спот во кој го нападна американскиот претседател Доналд Трамп.

Интересен детал во видеото е што раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј кои се појавуваат со него се облечени во дуксери на кои на македонски јазик пишува „семоќниоот“.

Тие најверојатно се инспирале од „лажните вести“, „произведени„ од тинејџери од Велес, кои според американските медиуми му помогнаа на Трамп да стане претседател.

Вестсајд Ган, преку неговата компанија „Гризелда рекордс“, продава мајци и дуксери со натписот "семоќниот".

Во дел од видето се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот“.

Најпродаваниот рапер во историјата меѓудругото го обвинува Трамп дека е „камиказа што веројатно ќе предизвика нуклеарен холокауст".

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови