Ја донира ли уште Бранко Црвенковски пензијата на СДСМ?

Поранешниот лидер на СДСМ, и премиер и претседател на Република Македонија, денеска полни 55 години.

Роден е на 12. октомври 1962 година во Сараево.

Иако од поодамна е повлечен од политичката сцена, последниве години беше една од најчесто спомнуваните политички фигури, најчесто во негативна контација.

Во текот на својата политичка кариера беше премиер во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Последен пат се појави во јавноста во мај годинава на 22. Конгрес на СДСМ, а пред неколку години соопшти дека неговата претседателска пензија ќе ја донира на партијата.

еМагазин,  ја контактираше СДСМ, и прашавме дали Црвенковски се уште ја донира пензијата на партијата, но не добивме никаков одговор.

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Детален преглед: Кои се најголемите донатори на СДСМ за локалните избори?

ВМРО-ДПМНЕ троши повеќе пари на локалните избори од СДСМ?

Колку пари потроши Коалицијата преводена од СДСМ досега на локалните избори?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови