АВМУ: Прекршочни постапки против телевизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“

Прекршочни постапки против телевиизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ поведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) врз основа на извештаите  од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4. октомври годинава на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5. октомври годинава.

Извештаите од мониторингот на радиодифузерите се достапни на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови