„Тврдокорните“ пак на улица: Ќе бараат Иванов да му го одземе мандатот на Заев

Здружението „Тврдокорни“ повикува на сенароден протест денеска пред вилата на Претседателот на Република Македонија. Тие меѓудругото ќе побараат претседателот Ѓорге Иванов да му го одзеде мандатот на премиерот Зоран Заев.

„Македонските носители и бранители на државниот суверенитет имаат барање за одземање на мандатот на З.З.- СДС, поради непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи  интереси и рушење на државата. Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата,од сите дејства со кои земјата/државата (Р.Македонија) и Македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација“, велат од „Тврдокорни“.

Протесниот марш ќе започне во 17.00 часот, пред Канцеларијата на Делегацијата на Европската унија на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, каде „Тврдокорни“ ќе се обратат до ЕУ и НАТО со 12 протестни барања и ќе им предадат дел од протестните текстови.

Фото: СДСМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови