Се врати социјализмот

528 Views Октомври 12, 2017 Свет Редакција Емагазин

Пренесено од Гардијан

Социјализмот се врати, иако постојат многумина кои го прогласија за мртов и го погребаа „на крајот од историјата“ на 90-те години.

Мекиот либерализам на Тони Блер, Бил Клинтон и Пол Китинг ја потроши својата привлечност и тоа не само во англиското говорно подрачје, оценува економистот Џон Кигин во авторски текст за британскиот весник „Гардијан“.

Како што наведува, во Европа се појавија нови движења на левицата, со цел да ги предизвикаат или потиснат социјалдемократските партии, кои се дискредитирани од политиката на штедење во последните десет години.

Поддршката за социјализмот е делумно силна меѓу помладите лица од 30 години, со чие економско искуство доминира глобалната економска криза и деценијата на економска стагнација и зголемена нееднаквост.

- Највпечатлив пример се неодамна одржаните избори во Велика Британија, на кои Џереми Корбин освои над 60 отсто од гласовите на граѓаните на возраст меѓу 18 и 25 години. Слично беше и во САД, каде Берни Сандерс имаше најголема поддршка од младите. За мнозинството актуелни политички класи, чии идеи се формирани во последните декади од 20. век, супериорноста на пазарите врз владите е претпоставка толку длабоко вкоренета, што всушност и не се смета за претпоставка, оцени Кигин. 

Според него, не е изненадување што луѓето бараат алтерантива, а многумина се потсетуваат на повоениот период во кој просперитетот бил широко распространет.

Главни причини за поддршка на социјализмот, кои ги пропагира економистот, се технолошките промени кои „радикално ја промениле структурата на економијата и општеството“, додека главна улога во индустриската економија кон средината на 20. век имало производството, како што е рударството и земјоделството. Со економијата на 21. век доминираат услугите, вклучувајќи го здравството, образованието и телекомуникациите, кои бараат различни облици на економска организација.

- Второ, средината на 20. век бил период кога економските активности многу се разликувале од неекономските активности (домашно работење, волонтирање и невладини организации), нагласува Кигин.

Тој додава дека по неуспехот на неолиберализмот, она што е потребно е „некаков вид утописка визија“.

- Тие остри разлики веќе не се одржливи. Благодарејќи на мобилните телефони и интернетот, многу профитабилна работа се извршува од дома. Она што е најважно, економската вредност на интернетот, како целина, зависи од неговата содржина, а повеќето (Фејсбук и блогови, Твитер, лични и групни веб страници) ги произведуваат корисниците, наведува Кигин.

Британскиот економист смета дека за да имаме „социјалистичка економија на 21. век“, треба да размислуваме за поширок обем во кој ќе бидат измешани облици на економски активности.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови