Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Панче Ангелов, напаѓачот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која како пратеник беше нападната во Собранието на 27. април, доби затворска казна од 4 години.

„Разбрав за што сум обвинет, се чувствувам виновен за кривичното дело. Го признавам во целост како што е напишано во обвинителниот акт. Се извинувам кон целата јавност за тоа грозомормно дело што го направив и им се извинувам на оштетените во оваа кривична постапка“, рече Ангелов денеска на судењето.

Тој најави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд, бидејќи казната била превисока.

Ангелов на последното рочиште го призна делото и изјави дека немал намера да ја повреди Шекеринска, туку само да ја тргне од гужвата.

Тој тогаш рече дека се кае за делото и вети дека нема да го повтори.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови