15,8% повеќе од лани: За осум месеци Македонија ја посетиле 714.474 туристи

275 Views Октомври 12, 2017 Бизнис Камелија Делија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2017 година изнесува 188.758, а бројот на ноќевањата изнесува 766.844.

Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20,4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,4%. Бројот на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 3,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 46.5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1,6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41,9%.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 22,7%.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,4%, а кај странските има зголемување за 22,6%.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови