Врховен ја поништи пресудата за тенковските делови на Бучковски

Врховниот суд ги поништи пресудите за поранешниот премиер Владо Бучковски што беа донесени од  Основниот суд Скопје 1 и од Апелациониот суд, а предметот за набавката на тенковски делови ќе биде вратен на ново судење во Кривичниот суд, објави порталот судство.мк.

Пресудите се поништени и за ексначалникот на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски, неколкутемина вработени во Министерството за одбрана и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски, пишува порталот.

Според обвинението сите учесници во овој случај ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови „Т55“ и го оштетиле буџетот за повеќе од два милиона евра.

Извор: судство.мк/Фото: Нова Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови