САД се повлекуваат од УНЕСКО

184 Views Октомври 12, 2017 Свет Камелија Делија

САД го известија официјално УНЕСКО дека се повлекуваат од таа организација на ОН. Тоа го изјави денеска генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Според западни медиуми, САД ќе го напуштат УНЕСКО од 31 декември.

Според дипломатски извори, со тој потег САД ќе ја отежнат уште повеќе ситуацијата на организацијата на ОН за култура и образование, на која и прават проблем регионалните ривалства и недостатокот на финансирање.

САД го откажаа својот значителен финансиски придонес во буџетот на УНЕСКО во 2011 година, како протест поради одлуката за обезбедување полноправно членство на Палестинците.

Според списанието Форин полиси, САД сакаат да заштедат пари и да протестираат поради антиизраелската позиција на УНЕСКО.

САД обезбедуваа 80 милиони долари годишно на УНЕСКО, што е речиси една петтина од буџетот на организацијата.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови