Иванов не ги прими демонстрантите кои бараат одземање на мандатот на Заев

Група македонски здуженија денеска организираа протестен марш со барање претседателот Ѓорге Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев, меѓутоа тие не беа примени во вилата Водно, пренесува А1Он.

Дваесетина членови на здруженијата „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет попладнево тргнаа на марш од пред канцеларијата на ЕУ до вилата на Иванов на Водно, но од обезбедувањето добија известување дека тој си заминал, а присутните на тоа бурно изреагираа нарекувајќи го кукавица.

Преку овој протест членовите на здруженијата сакаа да се чуе гласот на македонскиот народ, бидејќи како што рекоа, Македонија била нападната од сите страни.

Здруженијата бараат да му се одземе мандатот на Заев затоа што, како што велат, премиерот работи против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.

Извор/фото: А1Он

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови