(Фото) Хрватскиот бренд „Tito's“ прави бум на интернет со комунистичката петокрака

796 Views Октомври 12, 2017 Балкан Никола Осило

„Tito's“ или „Wear Tito's“ е името на новиот хрватски бренд кој на Интернет продава брендирана облека во која главна нота е ставена на комунистичката петокрака од времето на Титова Југославија и на работниот народ.

Парчињата гардероба односно маиците, „дуксевите“ и останатите парчиња се продаваат по цена од 20 евра нагоре, што предизвика дебата во хрватските медиуми околу моралната оправданост на ваквиот бизнис, посебно затоа што и таму како и во Македонија јавноста се уште е поделена по прашањето за историската улога на Јосип Броз Тито односно дали тој бил водач на крволочен режим или пак на благодарна социјалистичка идеја за еднаквост меѓу граѓаните.

Фото:Tito's

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!